Кумановец се здобил со тешки повреди откако паднал од дрвена скала

27 мај, 2018 | 12:04 часот | 743 прикажувања |

57-годишен жител на селото Биљановце, кумановско се здобил со тешки повреди на главата откако паднал од дрвена скала од објект во селото Клечковце.

Најпрво бил однесен во Ургентниот центар во Куманово, од каде поради сериозноста на повредата бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.