Два земјотреси регистрирани во Охридско-преспанскиот регион

26 мај, 2018 | 11:40 часот | 532 прикажувања |

Серија земјотреси во охридско преспанскиот регион синоќа регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентрите на земјотресите се наоѓаат на 85 километри југозапагно од Скопје и потекнуват од епицентрално подрачје Дебарца.

Два од овие земјотреси беа регистритани 50 и 59 минути по полноќ, со магнитуда од 3 степени според рихтеровата скала. Овие земјотреси беа почувствувани од населението во селата на Плакенска Планина со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала, а во Охрид, Струга и Кичево со интензитет од 3 степени според истата скала.