Премиера на краткометражниот филм И(с)ЗГУБЕНИ на режисерот Антонио Вељаноски

23 мај, 2018 | 12:31 часот | 1.377 прикажувања |

Во петок, на 25 мај 2018 година, во 18 часот и 30 минути во амфитеарот на Филмската академија во Охрид (ФИОФА) ќе биде премиерното прикажување на краткометражниот игран филм  И(с)ЗГУБЕНИ во режија на Антонио Вељаноски.

И(с)ЗГУБЕНИ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот …

Главните улоги во филмот ги толкуваат легендарниот чешки актер Јан Качер и позната чешка актерка Марие Дурнова.

Авторската екипа на филмот ја сочинуваат: режија: Антонио Вељаноски; директор на фотографија: Владимир Димоски; сценограф и костимограф: Катерина Јирманова; монтажа Лука Џикановиќ и Антонио Вељаноски; композитор: Игор Василев Новоградска; продуцент на сет: Зоран Вељаноски Летра и продуцент на филмот: Елена Станишева,.

Филмот е во ко-продукција со ФАМУ и ФАМУ Студиото од Чешка и истиот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија.