Нови заменици министри: Жерновски за надворешни работи, Асим Муса за здравство

23 мај, 2018 | 12:10 часот | 889 прикажувања |

Владата ги испрати до Собранието имињата на новите министри и заменици министри, договорени со политичките партии кои влегуваат во владината коалиција. Потврдени се информациите дека поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, ќе биде заменик министер за надворешни работи. Во Министерството за здравство, пак, местото заменик министер ќе му биде доделено на Асим Муса.

Од заменичките фотелји во министерствата е договорено Ѓонул Баирактар да и биде заменик на Мила Царовска во труд и социјална политика, додека Садик Бекири да му биде заменик на Горан Сугаревски во транспорт и врски.

По предлог на Заев, Рената Дескоска од образование оди во Министерство за правда, додека на нејзино место седнува Арбер Адеми. Асаф Адеми ќе биде нов министер за култура, а Бардул Даути без ресор.