Груевски денеска ќе ја слушне првата пресуда по обвиненијата на СЈО

23 мај, 2018 | 8:13 часот | 359 прикажувања |

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска со прва пресуда по обвиненијата на СЈО.

Пресуда се однесува за случајот „Тенк“ во кој заедно со поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски им се суди за набавката на луксузниот мерцедес. Овој предмет го суди судијката Добрила Кацарска.

Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски во завршните зборови за случајот „Тенк”, посочи дека во предметот е обвинет за сакање, и дека нема докази дека наредил такво нешто или дека го фаворизирал набавувачот.
СЈО побара осудителни пресуди за двајцата обвинети, а одбраната бараше одлободителни поради немање на докази. Судијката Кацарска одлуката ќе ја соопшти денеска.

Поповски  од адвокатот Стерјо Зиков побарал  да пренесе во судот дека не сака да присуствува на рочиштето за време на изрекувањето на пресудата за „Тенк“.

Во „Тенк“  за набавка на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради „ризична бременост“.