Димитров пред средбата со Коѕијас: Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви

22 мај, 2018 | 11:26 часот | 2.384 прикажувања |

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во четврток и петок треба да се сретне во Њујорк со грчкиот колега Никос Коѕијас и да почне новата рунда преговори.

Овој пат македонската страна повторно ќе го стави на маса предлогот Република Илинденска Македонија, кој Грција веќе го одби.

Можеби затоа министерот бара мудрост и нерви, како што напиша на својот фејсбук профил пред тргнување на аеродромот во Скопје.

Како што претходно информираше МНР, Димитров и Коѕијас ќе се сретнат овој пат во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.