Ѓоко Поповски денеска ќе ја чуе пресудата за случајот Триста

22 мај, 2018 | 8:13 часот | 563 прикажувања |

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски денеска ќе ја чуе пресудата за случајот Триста .

На Поповски по обвинение на Специјалното јавно обвинителство му се суди за набавка на 300 автомобили за полицијата.
Основниот суд треба да ја објави својата одлука по барањето на СЈО Поповски да добие затворска казна.

Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие казна затвор меѓу 4 и 15 години.
Одбраната на Поповски побара тој да биде ослободен од обвинението.
На последното рочиште Поповски пред суд се бранеше дека возилата кои биле набавени се уште ги користи полицијата, а едно во едно од нив се користи и за потребите на Специјалното јавно обвинителство.

„Возилата кои се предмет на кривично дело сè уште ги користи полицијата. Кога се формираше СЈО, јас и Катица Јанева потпишавме договор да им отстапиме едно возило – „шкода суперб”, кое исто така беше и е предмет на кривичното дело за кое ме гони истото СЈО. Изминатиов период се соочив со многу закани и уцени, притисоци на кои тешко одолеав”, изјави Поповски