Случај „Поткуп“: Заев ослободен од одговорност

21 мај, 2018 | 22:32 часот | 946 прикажувања |

Не се докажа дека Заев побарал поткуп од бизнисменот Иван Николов. Во изрекувањето на пресудата, судијата потврди дека овој сведок на главната расправа давал нејасни одговори и не му поклони верба.

Судот појасни и дека не се доказ снимките од ПИ мерките, односно тајното видео што го сними Николов во градоначалничкиот кабинет, бидејќи за делото што му се става на товар на Заев, законот не пропишува можност за користење на посебните истражни мерки.

Заев изјави, иако за него ова е трауматичен момент, од судската зграда излегува среќен.

Заев побара надлежните институции јавно да ја објават целосната видео снимка, за и граѓаните да видат дека не станувало збор за барање поткуп, туку за донација за изградба на црква. На првостепената пресуда, дозволена е жалба на јавното обвинителство.

извор: МРТ