„Ај Кју“ прогласени за најлошо облечени изведувачи на Евровизија

21 мај, 2018 | 9:59 часот | 609 прикажувања |

Македонските претставници на Евровизија, „Ај кју“, освоија прво место во категоријата најлошо облечени изведувачи. Наградата се нарекува „Барбара Декс аворд“, а се доделува од 1993 година.

Гласањето за оваа награда е отворено по финалето на Евровизија, а се натпреваруваат вкупно 43 учесници. Гледачите онлајн гласаат за тоа според нив кој било најлошо облечен изведувач на сцената.

Марија Ивановска на сцената носеше розово палто, кое личеше како да е облечено наопаку, а потоа се појави во плетен џемпер со сиви шорцеви. Бојан Трајковски носеше бела кошула и црни панталони, но, сепак, медиумите пишуваат дека Марија ѝ ја донела „победата“ на Македонија во оваа категорија.

Македонија вторпат ја освојува оваа награда. Првпат ја освои Мартин Вучиќ во 2005 година.

Зад Македонија, на второ место се најде претставничката на Австралија, на трето место е Белгија, на 4. место е Црна Гора и на 5. Израел.