Де Бласио е повторно избран за градоначалник на Њујорк

8 ноември, 2017 | 9:51 часот | 208 прикажувања |

Кандидатот на демократите Бил де Бласио повторно е избран за градоначалник на Њујорк, најголемиот град во САД.

Де Бласио (65)обезбеди нов четиригодишен мандат, откако на изборите вчера освои 75 отсто до гласовите.

Тој убедливо ја победи републиканската противкандидатка Никол Милиотакис (36).

Њујорк никогаш досега нема жена градоначалник.

Де Бласио беше фаворит и во анкетите спроведени непосредно пред гласањето во Њујорк, град во кој живеат 8,5 милиони луѓе, каде доминираат гласачите кои ги поддржуваат демократите.

Градоначалникот на Њујорк се смета за еден од најгласните критичари на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Вечерва Њујорк испрати порака до Белата куќа: Не може да се борите против вредностите на Њујорк и да победите, господине претседател. Ако се свртите против вредностите на родното место, вашето родно место ќе ви врати, изјави синоќа Де Бласио.