Димитров и Коѕијас ги продолжуваат преговорите за името во Њујорк

20 мај, 2018 | 18:14 часот | 876 прикажувања |

Од Министерството за надворешни работи соопштија за новата рунда преговори за името која ќе се случи во Њујор на крајот на неделава. Овој пат преговорите меѓу министрите за надворешни работи ќе бидат во присуство на медијаторот на ОН.

„Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 24 и 25 мај 2018 год. (четврток и петок) во Њујорк, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц“, велат од МНР.