Османи и Мета разговарале за Законот за јазиците во Македонија

20 мај, 2018 | 11:22 часот | 1.494 прикажувања |

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во Тирана имал средба со албанскиот претседател, Илир Мета.

Албанските медиуми јавуваат дека на средбата било разговарано за активностите на Македонија и Албанија по самитот во Софија и активностите на Скопје и Тирана за интеграција во ЕУ.

Тиранскиот весник „Панорама“ нагласува дека на средбата Мета – Османи било разговарано и за добивањето на покана од страна на НАТО за Македонија за влез во Алијансата, како и за состојбите во земјава. Истиот извор наведува дека станало збор и за донесувањето на законот за јазиците во Македонија и неговата примена.

извор: Макфакс