Процесот „Тенк“ во завршна фаза, првата пресуда за Груевски на 23 мај

18 мај, 2018 | 9:40 часот | 1.154 прикажувања |

Специјалното обвинителство побара судот да ги прогласи за виновни Никола Груевски и Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“. Набавката на луксузниот мерцедес вреден 600 илјади евра, според СЈО, била желба на екс-премиерот платена со буџетски пари. 

За првообвинетиот Ѓоко Поповски е предвидена потешка казна затвор како минимум пет години, значи најголемата граница е 15 години во времето кога важел Кривичниот законик во времето на извршување на делото. По однос на обвинетиот Никола Груевски е предвидена казна затвор од една до три години и очекуваме во тие рамки да се движи и судот“, изјави Гаврил Бубевски, СЈО.

Адвокатите на обвинетите побрааа судот да го отфрли обвинението против двајцата. Поранешниот помошник министер во МВР посочи дека постапката за набавка на мерцедесот била законска. Груевски го бранеа четворица адвокати. Тој во судница во завршниот збор беше прекинат од судијката Добрила Кацарска.