Теута Арифи има амбиција да стане претседателка на Македонија

17 мај, 2018 | 9:39 часот | 586 прикажувања |

Градоначалничка на Тетово и потпретседателка на ДУИ, Теута Арифи не ја отфрла можноста да се кандидира за претседател на државата.

Таа денеска во специјално организирана дебата на емисијата Клик Плус на ТВ 21 пред граѓаните и студентите од Тетово најави дека во иднина може да биде претседателка на Македонија.

„Вие како претседател на државата може да помогнете“, изјавил граѓанин од Тетово на што Арифи одговори:

„Не сум на државата, но во иднина може да бидам“.