Трамп признал дека му дал 100 илјади долари на својот адвокат за случајот со порно ѕвездата

17 мај, 2018 | 9:32 часот | 418 прикажувања |

Американскиот претседател Доналд Трамп призна  дека платил повеќе од 100 илјади долари на поранешниот личен адвокат Мајкл Коен, и  со тоа  повторно се појавија прашања за неговите врски со порно ѕвездата Сторми Даниелс.

Објавата на тоа признание во согласност со етичките правила, фрли светло на недоследност на објаснувања што Трамп и негови соработници претходно ги изнесоа за исплата на 130 илади долари кои Коен и ги дал на Даниелс пред претседателските избори во 2016 година за да купи нејзино молчење во врска со наводната интимна средба со Трамп во 2006 година, објавуваат американски медиуми.

Документот со признание што го потпиша Трамп, а го објави американската Канцеларија за владина етика, предизвика бурни реакции меѓу демократите и невладините организации.