Заев и Ципрас на средба во Софија

17 мај, 2018 | 9:17 часот | 1.151 прикажувања |

Премиерите на Македонија  Зоран Заев и премиерот на Грција Алексис Ципрас денеска претпладне во Софија ќе ја имаат својата втора тет-а-тет средба.

Таа ќе се одржи на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој ќе се расправа за европерспективите на земјите од регионот. „Се надевам дека токму на Самитот на ЕУ и Западен Балкан и на средбата со грчкиот премиер, ќе можеме да ги потврдиме досегашните успеси и, ако не друго, да проговориме за начините за изнаоѓање на решение“, изјави премиерот Заев.

Кај водечките европските дипломати оптимизмот е многу поголем. Комесарот за проширување Јоханес Хан за ДВ вели дека е направен „значителен напредок во преговорите“ и оти е многу сигурен дека решение е можно.