Британската премиерка Тереза Меј во работна посета на Македонија

17 мај, 2018 | 9:09 часот | 173 прикажувања |

Делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија, предводена од премиерката Тереза Меј денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Меј ќе оствари средба со Заев најверојатно во попладневните часови по враќањето на македонскиот премиер од Софија кадешто денеска тој ќе разговара со својот грчки колега, Алексис Ципрас.

Се очекува Заев и Меј да одржат и заедничка прес конференција.