ОМД: Наместо промена на името, на Македонија ѝ треба структурно рестартирање

17 мај, 2018 | 9:04 часот | 138 прикажувања |

По повод предстојниот Самит на земјите од Западен Балкан во Софија, Република Бурагија, Обединетата македонска дијаспора (ОМД), и покрај пораките канализирани преку 40 мирни и демократски собири со излезност од над 150.000 Македонци ширум светот преку глобалното движење „Ние сме Македонија“, апелира до владините субјекти да се воздржат од преговорите за промена на името, уставот, суверенитетот и идентитетот на Република Македонија.

ОМД како најголема организација на Македонската дијаспора, верува дека никој нема право да преговара за името, идентитетот и уставот на Републиката, за кои на 8 Септември 1991 година, со убедливо мнозинство од 95%, народот одлучил за тоа како ке се именува, уредува и идентификува државата, во нејзнината внатрешна и надворешна политика. Според ОМД, промена на името, уставот и идентитетот на Македонија, е казниво дело, за кое ОМД се залага да ги информира сите субјекти од Советот за безбедност на Обединетите Нации и организации за човекови права, како би се докажала нелегитимноста на чинот и неговите чинители.

Наместо политика на понизност како би се удоволило на бескрупулосните барања на јужниот сосед, ОМД апелира да се задржи достоинството на Македонија преку прекин на преговорите и посветено работење на нејзините демократски капацитети, економија и конкурентност.

Наместо промена на името на државата, ОМД верува дека на Македонија ѝ е потребно структурално рестартирање со цел да се постават здрави основи за соодветно работење на административниот, правниот, корпоративниот, финансискиот и граѓански сектор.

Во тој правец, ОМД ги подржува политичките субјекти да ја искористат можноста за соработка со земјите членки на Европската Унија и регионот, преку Берлинскиот процес и предстојниот Самит за Западен Балкан во Софија, Република Бугарија.