Ципрас: Европските социјалисти во Софија рекоа дека само прогресивни лидери можат да го постигнат овој напредок за името

16 мај, 2018 | 21:48 часот | 165 прикажувања |

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во екот на самитот на ЕУ-Западен Балкан во Софија на Твитер напиша дека Македонија и Грција направиле значајни чекори напред, но дека остануваат уште важни чекори што треба да се преземат пред да се постигне решение.

„Со големо задоволство гледам дека лидерите на социјалистите ги поздравија нашите напори за наоѓање заедничко решение за прашањето за името на ПЈРМ. На денешниот состанок на Партијата на европските социјалисти во Софија, тие истакнаа дека само прогресивни лидери можат да го постигнат ова“, напиша Ципрас пред утрешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев и додаде:

„Им се заблагодарив и признав дека навистина направивме значајни чекори напред, но сепак имаме важни чекори што треба да ги преземеме пред да можеме да постигнеме решение.“