Со првата Рамазанска молитва муслиманските верници го означија почетокот на постот за светиот месец Рамазан

16 мај, 2018 | 11:23 часот | 125 прикажувања |

Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Постот не е задолжителен за децата, бремените жени, доилките и болните.

Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери упати честитка до припадниците на исламската вероисповед, на оние што ќе постат им посака постот да им биде со лесно, а останатите да имаат трпение и разбирање кон сограѓаните.