Протест во Софија против одлуката на БПЦ да не пратат делегација на прославата во Охрид

16 мај, 2018 | 9:58 часот | 108 прикажувања |

Денеска во Софија во организација на фондацијата „Бугарска меморија” се одржува протест против одлуката на Светиот синод на Бугарската православна црква да не присуствува во Охрид на одбележувањето на 1.000 години од Охридската архиепископија.

„Протестот е израз на една граѓанска позиција и горчина од антидржавната активност, предводена од Светиот синод“, велат организаторите и бараат патријархот да свика вонредна седница на Светиот синод за да ја разгледа одлуката од 14 мај.

Претставници на фондацијата велат дека на двајца бугарски архиепископи дури им било забрането да присуствуваат на прославата.

„На 24 мај очекуваме заедничко чествување во Рим на гробот на Св. Кирил, во присуство на премиерите на двете земји”, велат организаторите.