Мицкоски го покани, а Заев прифати ТВ дуел

16 мај, 2018 | 9:52 часот | 155 прикажувања |

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера по седницата на Централниот комитет на партијата, одговарајќи на новинарско прашање за средба со премиерот Заев, рече дека би сакал таа средба да биде тв соочување, наместо во кабинет.

„На седницата на Извршниот Комитет и на седницата на Централниот Комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми што живот значат за граѓаните во Република Македонија. Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе почне со организирање на еден огромен народен протест што ќе се случи на 2 јуни, во 20 часот, пред Владата на Република Македонија, изјави синоќа Мицкоски.“

Премиерот Зоран Заев  го прифати предлогот на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наместо во Кабинет, тет а тет средбата да ја одржат пред јавноста, на телевизиски дуел.

„Премиерот Зоран Заев во секое време е подготвен за ТВ дуел со Христијан Мицкоски“, изјави за МИА поратпаролот на Владата Миле Бошњаковски.