Росоклија: Македонија ја водат луѓе кои зад себе немаат создадено ништо како македонска вредност

15 мај, 2018 | 11:55 часот | 2.983 прикажувања |

Бугарскиве историчари кои сега ќе ја интерпретираат македонската историја, 100 години не успеваат да се „договорат“ со српските, кој која битка ја добил, кој ја загубил, кој почнал прв…ниту со Грците кој врз кого направил геноцид, од царевите Борис и Симеон, преку Василиј Втори до Калојан и балканските војни.

Но, заради умот на неумните кои ни ги инсталираа, истите тие историчари ќе водат разговори со исто толку умни од „наша“ страна, за нашата македонска историја, или можеби разговори за нивната историја или како што на сите ни се чини ќе имаме диктат како ние Македонците да ја интерпретираме историјата? Сопствената историја!

Бидејќи „нашиот“ или „вашиот“, кого вие го биравте не ние (дијаспората), нема црвени линии во неговото циркузантско или според некои тамошни аналитичари „глобаслистичко“ сфаќање на светот, применето исклучиво во Македонија и исклучиво врз Македонците, ќе бидеме првата и верувам последната земја чија историја ја пишуваат луѓе кои го негираат нејзиното право на постоење.

Појдовна основа на бугарските историчари е еден идиотски концепт кој го слушам откако сум роден, а роден сум од родители Македонци во срцето на Скопје, главниот град на Македонија, дека јас национално не сум тоа што сум, Македонец, туку дека сум Бугарин затоа што Гоце, Даме, Јане…се чувствувале македонски Бугари.

Тоа е исто како на Американците да им кажете дека не се Американци туку се Британци, затоа што Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и компанија, татковците на нацијата, биле и се чувствувале како Британци.

Да, биле Британци, но нивните акции довеле до создавање американска нација која нема намера да се враќа на „своите корени“ и Американците да стануваат Британци.

Идејата и борбата на Гоце, Даме, Јане…за автономна Македонија, генерациите после нив ја реализирале создавајќи нѐ автономна туку самостојна Македонија, а ние продолживме на таа самостојна Македонија да и ја создаваме историјата како Македонци, не како Бугари.

Денес, две битанги и една лигава, приглупа, а нахакана гуска, кои во нивните животи освен пљачка, лигавње, слугување и одење од функција на функција и скап живот врз грбот на од нив осиромашениот Македонец не направиле ништо друго, ништо за Македонија и за Македонецот, ќе го бришат тој Македонец, сите нас, од постоење и ќе не лишат од имањето своја држава.

Знаеме дека ќе потпишат сѐ, но знаеме и дека тоа сѐ ние ќе го избришеме, нема да им дозволиме тие нас да не избришат.

(фејсбук статус на проф. Горазд Росоклија)