Квим Тора избран за претседател на Каталонија

15 мај, 2018 | 8:31 часот | 119 прикажувања |

Пратениците на каталонскиот парламент со тесно мнозинство го избраа сепаратистот Квим Тора за нов лидер на шпанскиот регион.

Со ова е завршен периодот на шестмесечна криза за кое време Каталонија беше без влада.

За изборот на Тора, гласале 66 пратеници, 65 биле против, а четворица пратеници од крајно левата Кандидатура за национално единство биле воздржани.

На претходното гласање за време на викендот, Тора не успеал да добие поддршка од мнозинството пратеници.