Поради одлуката на Трамп за преселување на американската амбасада, Турција ги повлече амбасадорите

15 мај, 2018 | 8:25 часот | 149 прикажувања |

Поради одлуката на Доналд Трамп, да ја пресели американската амбасада во Еурусалим, турскиот амбасадор бил повикан во Анкара. – Соопштува Амбасадата на Турција во Вашингтон.

Исто така бил повикан и турскиот амбасадор во Израел. Турското министерство за надворешни работи соопшти дека остро ја осудува одлуката за преселување на американската амбасада, наведувајќи дека станува збор за „легално неважечки потег“. Во изјавата се критикува Израел поради масовно убивање Палестинци кои протестираа по должината на границата меѓу Газа и Израел.