Македонската музичка телевизија ИН ТВ го одбележа својот шести роденден

5 декември, 2017 | 18:29 часот | 846 прикажувања |

Сателитската телевизија ИН и продукциска куќа деновиве го одбележува својот шести роденден. Ова е прва музичка македонска сателитска телевизија со седиште во Сиднеј, Австралија, а се пренесува речиси низ целата земјина полутока. Идејата која настана пред шест години беше воспостваување на взаемна соработка на полето на музиката помеѓу Македонија и Австралија, далечната земја која е населена со голем број Македонци.

„Ни причинува особено задоволство кога нашинците во дијаспората ќе слушнат македонска музика како и македонски говор далеку од својата родна земја. Токму тоа го овозможува сателитската ИН телевизија која веќе шеста година ја внесува македонската музика во сите домови на земјите каде има македонци, Европа, Америка, Канада, Австралија“, велат од менаџментот на ИН телевизија.

Сателитската ИН телвизија, гордо може да се пофали и со својата продукција која е застапник за Македонија, на сопствени материјали, особено видео записите кои остануваат како траен белег на секој пејач. Тука се и бројните музички емисии низ кои постојано се пласираат новостите од македонската музичка сцена, но и од соседството, додаваат од телевизијата.

Од менаџментот на телевизијата посочуваат дека ИН ТВ постојано е во чекор со сите музички збиднувања на македонската естрада, а ја истакнуваат обостраната соработка на врвните докажани музички имиња со нивнат продукција.

Инаку, тимот на ИН телевизија го сочинуваат искусни и познати лица кои се веќе проверени во својата работа, чија цел е надополнување и следење на трендот кој го негуваат светските музички телевизиски куќи. Од телевизијата за иднина најавуваат нови проекти и соработки на музички план.