Дали треба да внесуваме храна во организмот после вежбање?

14 мај, 2018 | 8:13 часот | 126 прикажувања |

Ставовите околу прашањето дали треба да се внесува храна во организмот по вежбањето, се поделени, некои велат дека никако не треба да се јаде после тренинг. Тоа е погрешно.

Најдобро е да јадете колку што е можно побрзо после тренингот. Ако чекате многу долго, вашето тело ке ја складира храната како масти наместо да ги “нахрани” мускулите.

Препорачливо е да имате мал оброк веднаш после тренингот (околу 30минути). Тој период се нарекува “златен период” тогаш мускулите ја користат ефективно хранливата материја. Тој период е најдобро да се внесе храна богата со протеини и витамин А за да им помогнете на мускулите ефикасно да се опорават.