Пролетна детоксикација за поздрав живот

14 мај, 2018 | 8:00 часот | 69 прикажувања |

За да биде успешен процесот на детоксикација, мора да се фокусираме на хидратација и нутритивна вредност за да го стимулираме исфрлувањето на токсините. Изборот на правилни состојки и правилниот начин на нивно консумирање може да донесе многу големи бенефити за нашето здравје, инстантно да ни го подобри метаболизмот, а и самите да се чувствуваме помладо и повитално.

Детокс-програмата може да трае од 1 ден до 2 месеци и може да се заснова само на конзумирање вода (еднодневен детокс) како и побалансиран начин на исхрана. За почеток намалете ги или целосно исфрлете ги сите протеински производи од животинско потекло, секако исфрлете го од исхрана црвеното месо (јагнешко и свинско) и пробајте да јадете пилешко месо или риба еднаш неделно.

Мора да го исфрлите од исхрана и алкохолот, како и продуктите кои содржат глутен.

Фокусирајте се на она што ни го дава природата: повеќе зеленчуци и одредена количина овошје.