Концертот на Владо Jаневски на стадионот на АРМ се одложува

13 мај, 2018 | 16:48 часот | 129 прикажувања |

Најголемиот концерт на пејачот Владо Јаневски, што требаше да се одржи на 1 јуни на стадионот на АРМ, е одложен, објави „Авалон продукција“ на својата страница на Фејсбук.

„Драги пријатели, со жалење ве известуваме дека сме приморани да го одложиме најавениот концерт на Владо Јаневски, кој требаше да се одржи на 1 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Причина за тоа е здравствената состојба на Владо Јаневски. Исто така ве информираме дека со сигурност Владо Јаневски и Авалон ќе најдат нов термин во периодот октомври-ноември за одржување на овој концерт што требаше да биде по повод 25 години од соло-кариерата на Владо Јаневски, во ВИП-арена“, се наведува во објавата од „Авалон продукција“.

Сите оние кои имаат купено влезници досега, ќе можат да ги вратат веднаш на продажните места каде што ги имаат набавено.