Вардарки втора година по ред во финалето на Лигата на шампионите

12 мај, 2018 | 21:24 часот | 102 прикажувања |

Екипата на Вардар втора година по ред се пласираше во финалето на турнирот во Будимпешта каде утре од 18 часот ќе игра за титулата против тимот на Ѓер. Ова ќе биде исто финале како и лани, но шансата е за Вардар да се реваншира.

Вардар имаше одлична игра во полуфиналето пред сè во одбраната каде постојано се чуваше предноста и немаше проблеми за да се обезбеди триумф. Ростов Дон се закани само на моменти, но немаше поголеми шанси за да дојде до нешто повеќе.

извор: 24 Ракомет