Уметничката колекција на Рокфелер продадена за 800 милиони долари

12 мај, 2018 | 10:27 часот | 258 прикажувања |

За 800 милиони долари е продадена уметничката колекција на Пеги и Дејвид Рокфелер на аукција во Њујорк со што е срушен светскиот рекорд за најмногу потрошени пари на аукција од еден сопственик.

Претходниот рекорд е постигнат на аукцијата на имотот на Ив Сен Лорен во 2009 година, кога сите предмети се продадени за 484 милиони долари.

На тридневната акуција на Рокфелерови продадена е Пикасовата слика на девојче кое држи корпа цвеќе за 115 милиони долари, како и Монеовата слика на локва за 84 милиони долари.

Аукциската куќа „Кристис“ соопшти дека се продадени вкупно 893 предмети на аукција која се водела во живо.