Русија му забрани влез на германски новинар за СП во фудбал

12 мај, 2018 | 9:21 часот | 71 прикажувања |

Германската телевизија АРД соопшти дека новинарот кој направи документарец за допингот во руската атлетика добил забрана за влез во Русија.

Тој од Русија требал да известува за претстојното Светско првенство во фудбал.

Телевизијата соопшти дека визата на Хај Зепелт денеска била прогласена за неважечка зашто е на листата на луѓе кои се „персона нон грата“ во Русија.

АРД оценува дека таа одлука е без преседан, истакнувајќи дека слободниот пристап на претставниците на медиумите е една од главните норми на големите случувања како СП или Олимписките игри.

Зепелт и телевизијата АРД на големо известуваа за наводниот системтски допинг во руската атлетика.