Србија казнета со 180.000 евра поради нередите на нејзините навивачи

8 ноември, 2017 | 9:45 часот | 340 прикажувања |

Дисциплинската комисија на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) му изрече висока парична казна, од 215.000 швајцарски франци (околу 180.000 евра), на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) поради инцидентите кои ги предизвикаа српските навивачи во Мундијалските квалификации.

ФИФА санкционирала вкупно шест инциденти, а најблагиот е поради доцнењето на мечот против Ирска, па се до инцидентите на дуелите со Австрија и Грузија, како и недоличните транспаренти и скандирања.

Поголемите казни на ФСС се поради политички пароли кои содржеле дискриминација како и недолчно однесување на навивачите на натпреварот во Виена, во висина од 90.000 швајцарски франци, додека за организацијата на натпреварот во Белград казната изнесува 70.000 швајцарски франци.

Воедно, ФИФА ја предупреди ФСС дека следните прекршоци би донеле и многу поголеми последици и казни.