
Денеска во Скопје почина проф.д-р Томислав Чокревски, универзитетски професор и поранешен министер за внатрешни работи.
Чокревски беше прв полицаец, во Владата на Бранко Црвенковски, од почетокот на 1996 до крајот на 1998 година.
Во 2013 година тој беше лустриран и прогласен за наредбодавател во случајот „Темел“, каде биле следени членови на ВМРО-ДПМНЕ. Лустрациската комисија тогаш соопшти дека Чокревски вршејќи ја својата функција ги нарушил основните слободи и права на граѓаните и затоа го исполнува условот за ограничување на вршење на јавната функција.
Комеморативна седница за Томислав Чокревски ќе се одржи утре (06.12.) со почеток во 13 часот во Домот на АРМ.