Македониумот во Крушево во листа на десетте најчудни архитектонски дела во светот

11 мај, 2018 | 15:57 часот | 310 прикажувања |

Ајде да ги погледнеме некои од „најчудните“ архитектонски дела во светот, пишува Стефани Стефановиќ за  architectureanddesign.

1. Раѓање на жирафа – Париз, Франција

Дизајниран од Hondelatte Laporte Architectes и завршен во 2012, оваа француска зграда служи како центар за нега на деца. Се одликува со голем број животински скулптури, вклучувајќи огромна жирафа која се чини како да се шета низ зградата. Според архитектот, идејата за скулптурите била да ја инспирира имагинацијата и креативноста кај децата што го посетуваат центарот.

2. Рамката Дубаи – Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Рамката на Дубаи е најголемата рамка за слики во светот, 150 метри висока, а 105 метри широка. Овој архитектонски белег е замислен од Фернандо Донис, кој сметал дека наместо да се гради уште еден споменик во Дубаи, би било посоодветно да се врамат постојните споменици и да се истакне минатото, сегашноста и иднината на градот. Меѓутоа, контроверзноста го опкружува ова обележје уште додека Донис бил избран за победник на конкурсот распишан од Владата на Дубаи. Архитектот тврдел дека изградбата продолжила без потпишување договор или каква било компензација.

3. Атомиум – Брисел, Белгија

Дизајниран од инженерот Андре Ватеркејн и архитектите Андре и Жан Полак, оваа зграда, инспирирана од атомите е првично изградена за Светската изложба во Брисел во 1958. Структурата (молекул на кристал на железо), која била избрана за да го прикаже ентузијазмот на атомското доба, содржи девет поврзани сфери од нерѓосувачки челик, од кои шест се достапни за јавноста. Инженерски подвиг, зградата содржи најбрз лифт на сите времиња (5m/s) и првично бил дизајниран да трае само шест месеци. Сега служи како музеј.

4. Илинден – Крушево, Република Македонија

Илинден е споменик дизајниран од уметниците Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска, изграден во 1974 година. Споменикот е посветен на борците и револуционерите кои учествуваа во Илинденското востание од 1903 година, како и војниците-партизани на Македонската народноослободителна борба 1941- 1943. Внатре во куполата е гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев.

5. Национален одбор за развој на риболовот – Хајдерабад, Индија

Оваа огромна зграда во облик на риба е (сосема соодветно) регионална канцеларија на Националниот одбор за развој на рибарството, која се наоѓа во близина на Хајдерабад, Индија. Зградата, која беше изградена во 2012, е инспирирана од „Фиш“ на Френк Гери во Барселона.

6. Вукси Ванда Градски изложбен центар за културен туризам – Вукси, Кина

Гигантски ротирачки чајник, оваа зграда е кинески изложбен центар дизајниран да ги прикажува локалните обичаи. Ротирачката структура на зградата исто така му овозможува да служи и како ролеркостер, тркало за рибарење и воден парк.

7. Коцкасти куќи – Ротердам, Холандија

Дизајнирани од архитектот Пиет Блом, овој комплет на навалени куќи е дизајниран врз основа на концептот „живеење како урбан покрив“. Коцките на конвенционалните куќи се навалени за 45 степени и се потпрени на столбови во облик на шестоаголник. Целта на овој дизајн е да се оптимизира просторот и да се подобри распределбата на собите внатре.

8. Куќа што танцува – Прага, Република Чешка

Танцувачката куќа беше дизајнирана од Владо Милуниќ во соработка со Френк Гери во 1992, а завршена е во 1996. Таа служи како зграда за Nationale-Nederlanden, холандска осигурителна компанија. Нејзиниот деконструктивистички стил (или „нов-барок“) во тоа време бил контроверзен, бидејќи се издвојувал многу во споредба со градбите од барокот, готиката и арт-нуво зградите по што е позната Прага.

9. Шарп Центар за Дизајн – Канада

Шарп Центарот за дизајн е дел од колеџот за уметност и дизајн во Онтарио (OCAD). Тој беше дизајниран од Алсоп Архитекти во партнерство со Роби/Јанг и Рајт. Зградата се состои од правоаголна структура која се наоѓа 26 метри над земјата, што се држи на 12 челични столбови. Зградата лебди над најстарата зграда на кампусот, и е поврзана со постоечката зграда со лифт и скалишно јадро.

10. Зграда Селфриџ – Бирмингем, Англија

Дизајниран од архитектонската фирма „Future Systems“, зградата „Селфриџ“ претставува белег на Бирмингем. Се состои од челична рамка со испрскана бетонска фасада. Завршена во 2003, зградата оттогаш стана архитектонска икона и се смета дека има значаен придонес за регенерацијата на Бирмингем.