13-годишник од Кавадарци возејќи југо удрил во бетонски ѕид

11 мај, 2018 | 10:51 часот | 215 прикажувања |

Во текот на вчерашниот ден на регионалниот пат Мавровска крстосница кон Дебар, 13-годишен малолетник од Кавадарци управувајќи автомобил „југо“ со охридски регистарски ознаки и прикачена лесна приколка удрил во бетонски ѕид.

Од ударот, детето се здобило со тешки повреди и по укажаната лекарска помош во ургентниот центар во Гостивар било пренесено на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Сопатниците во возилото, неговиот татко Ш.Д. (31) од Кавадарци и М.М. (37) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди. Полицијата извршила увид на местото на настанот.