26-годишно момче од радовишко загина откако паднал во провалија

10 мај, 2018 | 11:36 часот | 2.125 прикажувања |

Oколу 16.00 часот, вчера, во с. Супурге, радовишко, на место викано „Суд Бунар“, додека Џ.М. (26) од с.Коџачока, радовишко, орал нива со трактор, изгубил контрола по што паднал во провалија и починал.

Смрт била констатирана од страна на лекар, а увид на местото извршила екипа од Полициска станица Радовиш.