Меѓународна трговија со дрога: притвор за седум лица

5 декември, 2017 | 13:20 часот | 324 прикажувања |

30-дневен притвор за седум осомничени лица од меѓународната организирана криминална група, осомничена за недозволено производство и трговија со дрога, која полицијата ја откри минатата недела.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против двајца српски и петмина македонски државјани.

При претресот на повеќе објекти и локации во Тетово и во Скопје, полицијата во семејна куќа во Тетово откри лабораторија за производство на синтетичка дрога, која според проценките е најголема на Балканот од ваков вид.

Продолжува меѓународната правна соработка меѓу македонското Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со Српското јавно обвинителство за целосно расветлување на случајот, се наведува во дописот.