Во Кривичниот суд рочишта за предметите „Титаник“ и „Поткуп“

9 мај, 2018 | 8:06 часот | 319 прикажувања |

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите „Титаник“  и  „Поткуп“.

Случајот  „Титаник“  е првиот  обелоденет случај од Специјалното јавно обвинителство.

Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер Никола Груевски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Во случајот „Поткуп“  обвинет е премиерот Зоран Заев дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.

На денешното рочиште треба да се гледа скратената снимка што беше објавена на Јутјуб.