
Во скопскиот Кривичен суд, судии на предходна постапка почнаа со распитот на шестте пратеници за собраниските настани од 27-ми април.
Пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски денеска дојдоа во Кривичниот суд. Заедно со уште 30 лица, пратениците се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.
Судот постапува откако пристигна известувањето за одлукатата на Собранието, за одземање на имунитетот на народните избраници.
Шестемина пратеници пред судот ги пречекаа и неколкумина нивни колеги од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да им изразат поддршка.
извор: МРТ