Босанци печеле на ражен 12 јагниња во парк во Германија, интервенирале и пожарникарите

8 мај, 2018 | 12:43 часот | 595 прикажувања |

Посетителите на парк во Берлин во неделата биле вчудовидени кога забележале група луѓе како печат 12 јагниња на жар. Ражните биле приклучени на акумулатори од возилата, а за гаснење на скарата на отворено којашто ја подготвиле Босанци – била повикана да интервенира и противпожарната единица.

„Никој не сакаше да преземе одговорност“, велат од полицијата, која била повикана да интервенира. Пожарникарите го гаснеле жарот, додека речиси 150 луѓе лежеле на ливадата, а нивните деца трчале околу јагнињата кои се печеле.

„Дванаесет јагниња се вртеа на ражени, кои беа придвижувани од батерија од акумулаторот. Кога ги прашавме што прават – кажаа дека слават Велигден, како и секоја година“, објави германската полиција на „Фејсбук“. Правењето скара во овој парк е дозволено, но од полицијата додаваат дека проблемот бил што групата со своето неодговорно однесување лесно можела да предизвика пожар.

Веселото друштво од Босна и Херцеговина сепак морало да ги размонтирани поставените ражени, откако биле предупредени од страна на пожарникарите. Сè уште чекаат известување дали ќе добијат и парична казна за забавата во паркот.

извор: Макфакс