Автобус експлодираше во центарот на Рим

8 мај, 2018 | 12:20 часот | 318 прикажувања |

Автобус експлодираше во центарот на италијанската престолнина Рим.

Автобусот експлодирал откако претходно бил зафатен од пожар и засега нема информации за последиците, со оглед на тоа дека експлозијата се случила во непосредна близина на станбена зграда.

Патниците излегле од автобусот непосредно пред експлозијата.

Во моментов три противпожарни тима се борат со пожарот, а полицијата побара од локалните жители да ги затворат прозорците поради токсичните гасови кои се ослободуваат од огнот.