Груевски: Ќе поднесам оставка пред органите на ВМРО-ДПМНЕ

1 декември, 2017 | 15:06 часот | 1.061 прикажувања |

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за порталот „Курир“ најавува дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата.

„Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки ме разбраа. Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка“, рече Груевски.

Тој изрази надеж дека неговата оставка ќе помогне и во разрешувањето на целокупната политичка атмосфера.