Росоклија: Постапките на власта покажуваат безобѕирност за Македонецот гласач

7 мај, 2018 | 17:09 часот | 650 прикажувања |

Постапките на власта покажуваат нејзина безобѕирност кон Македонецот и нејзина негрижа за Македонецот гласач. Причините за таквото однесување се бројни. Една од тие причини е што тие не се избрана туку инсталирана власт и што таа власт, ниту во најрозевиот сон, не се гледа себе, како идна, од народот избрана власт. Заради тоа, македонскиот гласач не ја интересира!

Oва во свој фејсбук статус го пишува професорот Горазд Росоклија од Медицинскиот факултет при Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД.

„Дали зад ваквото однесување на врхушката на власта има материјална корупција, не знаеме, не во овој момент. Но сигурно е дека таа врхушка се позиционира за функции во ЕУ кога тука ќе ја обават задачата за која се инсталирани, поделба на Македонија и бришење на Македонецот од историјата и од списокот на нации. Имаме власт која функционира исклучиво врз еден принцип, личниот интерес на врхушката, и интересот на оние под таа врхушка (слугинските ешалони на власта) да ги собираат трошките од масата“, вели Росоклија, додавајќи дека во историјата на луѓето нема национален предавник чии живот после предавството продолжува со ,,…и до крајот на животот си живееше среќно…“

„Каде е опозицијата во текстов? Не гледам дека се присутни во животот на Македонија и на Македонецот и не гледам каде би им било местото во овој текст. Впечаток е, дека и тие им слугуваат на туѓите интереси во надеж дека нема да бидат прогонувани и дека еден ден со милост Божја и меѓународна, тие ќе бидат инсталирани како власт“, додава Росоклија.