Четири лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Ресен – Охрид

6 мај, 2018 | 20:39 часот | 534 прикажувања |

Четири лица загинале во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патот Ресен-Охрид кај селото Крушје.

Во незгодата учествувале три возила од кои две со битолски и едно со охридски регистарски ознаки.

Патот сѐ уште е затворен за сообраќај, заради увидот кој е во тек, велат од битолската полиција.