Македонски војници во Софија на парада по повод Денот на бугарската војска

6 мај, 2018 | 11:05 часот | 1.760 прикажувања |

Припадници на Армијата на Република Македонија во состав од еден ешалон од Четвртиот механизиран пешадиски баталјон, од Првата механизирана пешадиска бригада, денеска учествуваат на парадата по повод Денот на бугарските вооружени сили во Софија.

Учеството на единица од АРМ на парадата е врз основа на покана за учество од страна на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, за време на неговата официјална посета на Македонија во февруари годинава.

На самата воена свеченост на изведување на парадата во Софија присуствува и висока воена делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.