Вучиќ на средба со Ердоган пред посетата на Москва

6 мај, 2018 | 10:47 часот | 909 прикажувања |

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска замина на дводневна посета на Турција, каде ќе се сретне со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

За време на посетата ќе се одржи и првиот состанок на високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција, јави Танјуг. Вучиќ најави дека фокусот на посетата ќе биде на засилување на трговската соработка меѓу Србија и Турција, а Турција најавила учество во големи инфраструктурни проекти, како што е изградбата на автопатот меѓу Сараево и Белград.

По посетата на Турција, Вучиќ ќе биде гостин на рускиот претседател Владимир Путин на 9 мајската парада на победата над фашизмот која се одржува во Москва