Градот Скопје се вклучи во акцијата за чистење и разубавување на животната средина

5 мај, 2018 | 17:38 часот | 414 прикажувања |

Градот Скопје се вклучи во големата акцијата за чистење и разубавување на животната средина која се организира на иницијатива на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС.

„Во оваа акција учествуваат сите градските јавни претпријатија со сета механизација и човечки потенцијал. Секоја од општините во Скопје и Градот Скопје ги чистат реоните за кои се надлежни. Оваа голема акција ја започнуваме со чистење на бул. „8ми Септември“, на потегот од бул. „Илинден“ до ул. „Скупи“. Заложбата за почиста и поздрава животна средина за сите е еден од најважните приоритети на нашето делување“, кажа Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје.

Оваа е само една од бројните активности која Градот Скопје и јавните претпријатија изминатиов период ја спроведоа во насока на зголемување на чистотата и јавната хигиена.

„Изминатиов период се организираа акции за чистење на градот од диви депонии и миење на улиците. Граѓаните на Скопје во акцијата „Пријави депонија“ пријавија над 200 диви депонии, кои една по една ги чистиме. Сакаме да ја искажеме нашата благодарност на сите граѓани кои активно се вклучија и ни помогнаа во мапирањето на дивите депонии во Скопје“, рече Салиху.

Градот Скопје ги повикува сите граѓани, сите општествено одговорни фирми, институции и невладини организации да се приклучат и да помогнат во оваа акција за чисто и незагадено Скопје.


Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/macedo10/public_html/wp-content/themes/bootstrap-basic/content-single.php on line 61