Шпанците повеќе се грижат за невработеноста отколку за каталонската независност

8 ноември, 2017 | 9:38 часот | 260 прикажувања |

Независноста на Каталонија е втора причина за загриженост за Шпанците, покажува најновата владина анкета во Шпанија. Шпанците се назагрижени за невработеноста, а корупцијата е на третото место на оваа листа.

Околу 29 отсто од испитаниците можноста за независност на Каталонија ја идентификувале меѓу трите главни причини за загриженост. Во септември тој процент бил 7,8 отсто.

Околу 66,2 отсто како најголема грижа ја навеле невработеноста, која во Шпанија е на второ место во Европа.

Во истражувањето спроведено од 2 до 11 октомври учествувале 2.487 Шпанци.