Два романи на Божин Павловски преведени на англиски

30 ноември, 2017 | 15:25 часот | 280 прикажувања |

Во издание на „Грифим прес“ и „АЕА издавачи“ од Мелбурн, со поддршка на Националната библиотека на Австралија на англиски јазик излегоа од печат романите „Зима во лето“ и „Америка, Америка“ од познатиот македонски писател Божин Павловски, пренесува Макфакс.

Делата се во превод на Џим Томев и Елена Чијаварела. Уредник и редактор на изданијата е Бредли Доусон, а дизајнот го направи ликовниот уметник Џеки Линч.

Божин Павловки е автор на деветнаесет романи, високо вреднувани од страна на литературната критика. Негови дела се преведени на: англиски, грчки, полски, украински, турски, албански, српски, словенечки, бугарски, руски, француски, чешки, италијански и други јазици. Добитник е на национални и меѓународни признанија, меѓу кои на државната награда „11 Октомври“ за животно дело и Интебалканската награда на Солун, Република Грција.